Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНО

Честитка од Советот на Град Скопје за скопјани – Поскапува такси превозот

И на второто гласање на Советот на град Скопје, донесена е иста одлука, Такси – превозот во Скопје да поскапи. Оваа одлука ја овозможи гласањето во градскиот совет по Предлогот за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје и овој пат таа доби „зелено“ светло од советниците.

Со одлуката, предложени се и три тарифи за наплата на услугите во скопските такси – возила, претходно усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легалните таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на автотакси-превозници.

Првата тарифа по која таксистите возат веќе 11 години е 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар, како и 300 денари за чекање во место за еден час .

Втората тарифа е 50 денари старт и 30 денари за секој изминат километар, како и 420 денари чекање во место за еден час. Оваа тарифа е всушност новата цена по која ќе возат таксистите.

Третата тарифа е 60 денари старт и 35 денари за секој изминат километар, како и 480 денари чекање во место за еден час.

На денешниот состанок на Советот на Град Скопје останаа отворени многу прашања од типот, која од трите тарифи кога ќе се применува, колку често ќе се менува и како ќе знаат граѓаните по која тарифа ќе им биде пресметан превозот.

Можеби ќе ве интересира

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата заклучно до 05 Јуни 2026 година

ДЕСК

Кејот на Вардар кај Маџир Маало доби нов, современ изглед и повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и дружење на граѓаните

ДЕСК

(ВИДЕО,ФОТО) ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО СЕ ВРАЌА: Водостојот повисок за речиси 1 метар

ДЕСК