Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Во година полна со економски предизвици, продолжуваме со вистинска грижа за граѓаните

Фејсбук статус на премиерот Димитар Ковачевски:

Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици, продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани и се фокусираме на целокупен развој на државата.

Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2022 година изминатава недела, обезбедуваме економска стабилност и поголема финансиска поддршка за граѓаните и компаниите во оваа исклучително кризна година.

Обезбедени се:
➡️ 76 милиони евра за нови антикризни мерки
➡️ 32 милиони евра за зголемување на домашното производство на храна.
➡️ Зголемени плати во образованието и детската заштита и нивна навремена исплата
➡️ Повисоки пензии од септември за над 320.000 пениознери
➡️ Субвенции за земјоделците
➡️ Средства за развојни проекти

Ребалансот кој е поздравен од Светска банка и презентиран и пред граѓаните и пред бизнис заедницата, покрај одржување на макроекономската стабилност, цели и кон поддршка на економијата за враќање во предпандемиско ниво.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

ДЕСК