Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Јакимовски и Пандов во клинч, кој ги „раситни“ протестите против францускиот предлог

Стевче Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош и доскорашен коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето во Телевизија 24 изјави дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски правеле фарса со протестите и противењето за предлогот.

„Прво, за мене фарса власта не прави. Власта е јасна како денот. Она е спремна да предаде. И власта си кажува, ние сме за прифаќање на договорот со Бугарија, ние сме за уставни промени, за внесување на Бугарите во Уставот. Значи СДСМ ни е јасен како ден. Фарсата е кај опозицијата, кај Христијан Мицкоски…. Проблемот е што овој му асистира (на СДСМ) во правењето на предавствата, а ваму изиграва пред народот дека он е тој што ја штити Македонија, изјави Јакимовски.

На ова се јавија од ВМРО-ДПМНЕ, од каде го проследија ФБ статусот на Александар Пандов кој директно го обвинува Јакомовски дека го „ситни отпорот кон предавниците“.

-Не му чуе нему ни за бугарски договор, ни за француски предлог, уште помалку за протоколите, а со тоа и бугаризирањето на Македонија. Главен проблем му е што не добил јавно претпријатие во градот Скопје и одреден број места по управните одбори низ градот. Тоа е причината што Стевче не дојде на сенародниот протест на 18.06, каде ќе го слушнеше претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како професорски им ја демонтира заверата на предавниците кон македонскиот народ и воедно ги предупреди на отпорот кој следи!, објави Пандов.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК