Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Владата со вонредна седница по топлотниот бран – Да се ослободат ранливите групи на граѓани од работа до 27 јули

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 64-та седница, на предлог на Министерството за здравство, ја измени одлуката во врска со препораките поврзани со високите временски температури.

Според добиените информации од Управата за хидрометеоролошки работи, дека во државава, високи температури се очекуваат и во деновите по 24 јули, Владата донесе одлука за измена на заклучокот од претходната седница, којшто се однесуваше на ослободување одредени категории лица од работни обврски од 21 до 24 јули 2022 година, со тоа што овој рок е продолжен до 27 јули 2022 година.

Препораката за ослободување од работни обврски во периодот до 27 јули се однесува на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години.

Од оваа одлука, согласно насоките на Народниот правобранител, се иземаат хронично болните лица.

Другите мерки за заштита на граѓаните од топлото време, донесени на 63 владина седница остануваат на важност.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +