Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ЦУК: Пладневен пожар и во Виничко, но брзо локализиран и ставен под контрола

Пожарот што денеска се појави на пладне во месноста Скараница, Виничко, беше за неколку часа изгаснаст од пожарникарите од Виница и дел од месни жители. Директорот на Центарот за управување, Стојанче Ангелов, беше на лице место на терен при што искажа благодарност и им оддаде признание на пожарникарите за брзата и успешна реакција за локализирање и гаснење на пожарот за неколку часа веднаш по неговото појавување околу 12.00 часот. Инаку, од огнот беше зафатена површина околу 10 до 15 хектари од мешана шума и трева, а и еден овоштарник со сливи.

Дежурна екипа од виничките пожарникари ќе внимава за да не се разгори.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК