Centar.mk
Dimitar Apasiev
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ЗНМ и СЕММ го осудуваат непристојниот и груб однос на Апасиев кон новинарите

Со своите вчерашни јавни изјави на социјалната мрежа Фејсбук, Апасиев демонстрира пример на тоа како јавна личност не треба да комуницира со новинарите и јавноста воопшто.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудуваат непристојниот и груб однос на пратеникот Димитар Апасиев кон новинарите, служејќи се со стигматизирачки и дискриминаторен говор и нарекувајќи ги новинарите „проститутки“, во знак на незадоволство за начинот на којшто известуваат од меѓувладината конференција во Брисел.

„Со самото тоа, како актуелен пратеник и лидер на политичка партија, негативно влијае врз слободата на изразување и квалитет на јавната дебата. Со своите вчерашни јавни изјави на социјалната мрежа Фејсбук, Апасиев демонстрира пример на тоа како јавна личност не треба да комуницира со новинарите и јавноста воопшто“,

се наведува во соопштението од ЗНМ и СЕММ.

Ова не е првпат, се додава во соопштението, Апасиев да се служи со ваков говор и да има арогантен однос кон новинарите. Со тоа директно го крши и Кодексот на етичко однесување на пратениците, според којшто во член 6 се наведува дека „пратеникот е должен при извршување на функцијата да се однесува со особено внимание и почитување на личноста и угледот на секој поединец“, истовремено мотивирајќи и други партиски приврзаници, но и други поединци и групи во општеството, на истиот начин да се постават кон новинарите.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК