Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНО

СДК: Aрсовска на обука во Њујорк, не кажува кој ѝ ја платил бизнис картата?!

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска од понеделникот е на обука во Њујорк во рамките на програмата за градоначалници на Блумберг Харвард (The Bloomberg Harvard City Leadership Initiative), објави СДК. Како што стои во официјалното соопштение од Блумберг Харвард во едногодишната програма ќе учествуваат 40 градоначалници од цел свет, а од регионот покрај Арсовска е и градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ. Програмата треба да ги обучи и подготви градоначалниците за решавање на предизвиците во нивните општини и градови и како да го подобрат квалитет на живот на граѓаните. Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска од понеделникот е на обука во Њујорк во рамките на програмата за градоначалници на Блумберг Харвард (The Bloomberg Harvard City Leadership Initiative). Како што стои во официјалното соопштение од Блумберг Харвард во едногодишната програма ќе учествуваат 40 градоначалници од цел свет, а од регионот покрај Арсовска е и градоначалничката на Сараево Бенјамина Кариќ. Програмата треба да ги обучи и подготви градоначалниците за решавање на предизвиците во нивните општини и градови и како да го подобрат квалитет на живот на граѓаните.

Патници на летовите од Скопје до Истанбул и од Истанбул до Њујорк кои ја контактираа редакцијата велат дека Арсовска седела во бизнис класата, за која картите чинат и до тројно повеќе од економска класа, во овој случај околу 5.500 евра. Градоначалничката на Скопје не одговорила на прашањата на СДК дали ова е точно и дали картата е купена со пари од буџетот на Градот или се покриени од организаторот на обуката.

Можеби ќе ве интересира

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК

Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт

ДЕСК