Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

327 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (19.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 327 возачи. Од нив 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 155 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 172 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Сопственик на стан во центарот на Скопје допирал и физички нападнал млада кираџика од Србија

ДЕСК

Брутална и голема тепачка во Скопје: Причината била сообраќајна несреќа, употребени и тврди предмети – тешко утро во главниот град

ДЕСК

Пензионер доживеал хорор во зграда лоцирана во центарот на Скопје: Бил претепан и ограбен

ДЕСК