Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Коциќ: Референдум против македонски јазик во ЕУ? Мицкоски тоне и сака да ги повлече граѓаните

Одговор на новинарско прашање, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ:

Прашање: Мицкоски најавува референдум, кој е вашиот став?

Одговор: Сите лаги на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и Левица паднаа во вода. Затоа што не се менува ниту идентитетот, не се преговара ниту за јазикот, ниту за идентитетот ниту за историско -образовните и културните посебности, а и историските прашања не се дел од преговорите со ЕУ. Повеќе од две недели ги лажеа граѓаните, ги хушкаа и предизвикуваа да прават тензии и немири со цел да нема почеток на преговори со ЕУ со единствена цел борба за власт, без никаква реформа во нивната партија, со криминална матрица каква што беа и сеуште се. Јас ќе поставам едно реторичко прашање, за што Мицкоски бара референдум? Пред неколку денови Собранието донесе заклучоци со кои се задолжува Владата, оваа и секоја идна, да во текот на преговорите со ЕУ нема да смее да преговара за македонскиот јазик, идентитет и историја, а билатералните прашања да не бидат дел од преговарачката рамка. Дали ова им смета на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски? Дали се против на она што го донесовме како заклучоци во Собранието со што ја обврзуваме Владата?

Линк до видео: https://youtu.be/9Bnk8pfv6hI

Можеби ќе ве интересира

„Чебрен“, „Галиште“ и нови ветерни паркови ќе ја зајакнат независноста на државата, вели премиерот Мицкоски

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: 65,7 милиони евра за Македонија од Планот за раст за спроведени реформи од Реформската агенда, најмногу од целиот регион, а кога СДС говори за корупцијата нека почне прво со чистење на својот двор кој е полн со криминалци

ДЕСК

Бојковска: Роамингот како дома станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ, испорачуваме резултати, а не изговори

ДЕСК