Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев за НоваТВ: СДСМ уште еднаш одржа патриотска лекција

„Со Договорот од Преспа, со членството во НАТО, но и со остварувањето на Автокефалноста на нашата Македонска православна црква – Охридска Архиепископија, и во трите случаи имаме директна потврда на автохтониот наш македонски идентитет. Со почнувањето преговори со верификуван и неоспорен македонски јазик во рамки на Европската Унија добиваме уште една идентитетска победа на Македонизмот”, рече поранешниот премиер Зоран Заев во изјава за НоваТВ.

„Прогресивната влада, предводена од СДСМ, уште еднаш одржи патриотска лекција дека прогресивните се иднината. Лекција по којзнае кој пат за нашиот народ, да сфати кои се всушност заштитници на македонштината но и на иднината”, вели Заев.

„Ние, прогресивниот народ на чело со СДСМ, со своите храбри и мудри политики, донесовме кандидатски статус за ЕУ, ја внесовме земјата во НАТО, ја овозможивме конечно Автокефалноста на МПЦ – ОА, ги смиривме и спријателивме етничките заедници, создадовме пријателство со сите соседи, после 17 години почнавме преговори со ЕУ”, подвлече поранешниот претседател на Владата во изјавата за НоваТВ, по повод денешното изгласување на заклучоците во Собранието за преговарачката рамка.

Извор НоваТв.мк

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +