Centar.mk
фото скриншот од видео на влада
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски од Охрид:

„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери.

Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија.

Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки.

Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија.

И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“

фото скриншот од видео на влада

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Молкот на Обвинителството за Алта банка отвора сомнеж дека се штити Мицкоски

ДЕСК

ОБЈАВЕНИ НАЈНОВИТЕ АНАЛИЗИ НА ВОДАТА ВО СКОПЈЕ – Еве дали водата од градскиот водовод е безбедна за пиење

ДЕСК

ПОЛИЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ ВО СТРУМИЧКО И РАДОВИШКО – Пронајдена марихуана, повреден ловец, приведувања и пријавен напад врз жена

ДЕСК