Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави референдум за „францускиот предлог“

На следната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ќе предложам да иницираме референдум за граѓаните да се изјаснат дали ги прифаќаат или не овие документи потпишани меѓу Македонија и Бугарија, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Народот е суверен, тие се тие што ќе кажат. Ништо не е завршено за Македонија и македонскиот идентитет, преговарачката рамка не е усвоена, ако народот така одлучи ќе речеме во Брисел дајте ни друга преговарачка рамка – рече Мицкоски на Сител.

Тој гарантира оти сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои потпишале нотарски изјави нема да поддржат уставни измени во, како што рече, вакви услови и ваква ситуација.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК