Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Каевски до Апасиев: Ти си „рубља-фраер“

Нервозен е поради тоа што требаше да го направи тоа што не го исполни. Сценарио кое требаше да ги наруши меѓучовечките односи и да исценира меѓуетнички тензии. Деновиве гледаме натпревар кој ќе направи поголема штета. Апасиев стана штетник на батерии, тој е патриот на батерии, а денес гледаме дека Мицкоски е исвиркан. Повикувате млади момчиња да фрлаат се и сешто кон полицијата, му се обрати пратеникот на СДСМ и портпарол на партијата, Дарко Каевски од собраниската говорница на пратеникот на Левица, Димитар Апасиев.

Каевски притоа го нарече Апасиев „рубља-фраер“.

-Добро е да знаете дека оваа држава ќе биде дел од ЕУ и ќе биде интегрирана со чист македонски јазик и идентитет. Димче таквите како тебе се минато. Добро што знаеш дека сме Европа и делиме европски вредности, а ти остани во мрачното минато, додаде Каевски во своето обраќање.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +