12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Разрешен директорот на Скопска зоолошка по скандалот со колење 10 коњи за да се хранеле лавовите

По скандалот кој денес ја потресе јавноста разрешен е вршителот на должност директор на Скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов известуваат од Град Скопје и се оградуваат од индивидуално превземените дејствија на директорот.

Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука превземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува, велат од Град Скопје.

Заклани 10 коњи и мазги зa да се хранат лавовите

Во последниве два дена во Зоолошката се заклани повеќе од десет коњи и мазги, објави Вистиномер.

Коњите биле заклани за да им бидат дадени како храна на месојадните животни, сведочат барем тројца вработени во Зоолошката, а информацијата ја потврди и сега веќе директорот, Кристијан Стаменов.

Вработени во оваа институција реагираат дека досега не се случувало да бидат усмртувани коњи среде Зоолошка градина, туку храната за животните се набавувала исклучиво на тендер.