Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Калеска Ванчева: ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните за лагите, ние сме Македонци со македонски јазик, такви ќе останеме и такви ќе влеземе во ЕУ

Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Вначева, од собраниската говорница порача дека денеска е денот кога сите лаги и манипулации паднаа во вода, денеска е денот кога ВМРО-ДПМНЕ треба конечно да излезе и да им се извини на граѓаните за нивната лага и манипулација.

„Денеска во македонското Собрание Урсула Фон дер Лаен јасно и гласно кажа нема сомнеж дека македонскиот јазик е наш јазик, чист и заштитен, лага и манипулација е дека македонскиот јазик ќе стане бугарски дијалект, лага е дека Македонците ќе го изгубат својот идентитет со преговарачката рамка, нашиот идентитет не бил изгубен низ векови, нашиот јазик не бил изгубен низ векови. Ние сме Македонци со наш македонски јазик и такви ќе останеме и такви ќе влеземе во ЕУ, а сите лаги и манипулации нека служат на чест“, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Вначева.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК