Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен од Скопје: Северна Македонија треба да направи одлучувачки чекор напред

Северна Македонија треба да направи одлучувачки чекор напред, е пораката која преку Твитер ја испрати претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, денеска по пристигнувањето во Скопје. На скопскиот аерoдром ја пречека министерот за внатрешни работи Бујар Османи по што имаа и кратка средба. Според агендата, таа треба да се сретне со претседателот Пендаровски, со премиерот Ковачевски и собранискиот спикер Џафери, а потоа ќе се обрати и во Собранието.

„Мило ми е што сум денеска во Скопје. Северна Македонија е вистински и доверлив партнер. Луѓето од МК ја покажаа својата посветеност на европските вредности. Тие заслужуват да ја гледаат својата земја како напредува на патот кон членство. Сега е на МК да го направи одлучувачкиот чекор напред“, напиша Фон дер Лајен.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +