Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски ја понижи сопствената земја, на Конгрес на ЕПП претставена со кратенка од регистерска табличка, реагира Талевски

Прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ:

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Мицковски и ВМРО ДПМНЕ станаа синоним за блокади, деструкции, бојкоти, прават се за да не оди земјата напред, да не стане дел од ЕУ.

Режираат насилни протести со нивниот антиевропски парнтер Левица, создаваат етнички тензии и ги лажат граѓаните.

Тоа е истиот Христијан Мицкоски кој пред помалку од два месеци ја понижи државата на Конгрес на Европските народни парии со прифаќање на срамна Резолуција на ЕПП со бугарски ставови.

На овој Конгрес, не само што Мицкоски ја прифати срамната Резолуција туку погледнете, дозволи нашата земја па и тој самиот да биде претставена со кратенка од регистерска табличка НМК.

Официјална меѓународна кратенка на нашата земја е МК односно МКД.

Епа чија земја претствуваше Мицкоски? Или беше претставен со неговата регистерка табличка?

Зошто Мицкоски не се побудни, не реагира, не прати допис, зошто не ги повика да го променат ова?

Почитувани граѓани овој пример уште еднш го покажува лицемерието, лажниот патриотизам и скриените намери на Христија Мицкоски. Ова е вистинскиот лице на Христијан Мицкоски.

Нашата македонска иднина е европска, мрачните сценарија и обиди за блокади на државата повторно ќе бидат поразени.

Сега, кога пред пратениците е европски предлог со којшто имаме чист македонски јазик во ЕУ и заштитен идентитет потребно е државништво, одговорност и одлуки за иднината на државата.

Затоа, сите пратеници да дадат придонес преку аргументи и дебата, заклучоците да бидат усвоени со што поширока поддршка и со тоа да обезбедат почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.