25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Јузова се огради од наводите на македонските медиуми дека Чешка не била консултирана за францускиот предлог

Десетици медиуми вчера и денеска на ударни места објавија вест со наслов дека Чешката република и други земји членки на ЕУ не биле консултирани од француското претседателство за предлогот на преговарачката рамка усогласен со Бугарија. Оваа вест, која долеа оган на многу други контроверзни информации со актуелниот француски предлог, беше основана на изјава од чешкиот експерт за европски интеграции, Јана Јузова, пишува НОВА ТВ.МК.

Таа како гостин на Институтот за европски полтики од Скопје ја дала следнава изјава:

„Според она што го слушнавме од чешкото МНР тие се многу вознемирени со Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани други земји-членки. Била консултирана само Бугарија, а останатите земји биле оставени во темнина“, рече Јузова за време на дебатата. Според неа, Чешка и мнозинството земји-членки „ги гледаат сериозните проблеми” во францускиот предлог и разбираат „зошто е толку тешко за Северна Македонија да го прифати.”

Со оглед на тоа дека не се работи за официјален претсавник на чешкото МНР денеска на брифинг одржан од високи претсавници на ЕК во Скопје беше речено дека ваквото тврдење не е точно. Попладнево со реакција се јави на Твитер и самата Јузова да ги демантира насловите кои произлегоа од нејзината изјава.

извор НОВАТВ