Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пороен дожд и грмежи попладнево и в сабота, од недела стабилизирање

Во текот на денот, најпрвин во западните, а попладне и во текот на ноќта и во другите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (од 10 до 20 л/м2).

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен, информираат од УХМР.

Во Скопје во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи од дожд, кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Утре претпладне ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (од 10 до 20 л/м2). Температурата ќе биде во опаѓање. Од недела следува стабилно и малку потопло време.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК