Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Заев се сретна со Мајк Помпео

Фејсбук статус на Зоран Заев:

На конференцијата на Економист во Атина имав средба со нашиот пријател Мајк Помпео, поранешниот државен секретар на САД. Помпео е голем поддржувач на Северна Македонија и на македонскиот народ кој во клучниот период пред нашето зачленување во НАТО даде голем придонес за успешно заокружување на овој наш стратешки и безбедносен приоритет.

Безбедноста и стабилноста на регионот никогаш не биле позначајни во последните 20 години. Соработката со развиените безбедносни системи на земји како САД и Израел се од огромно значење и за НАТО алијансата и за Северна Македонија.

Со министерот за одбрана на Израел Бени Ганц се согласивме дека европската интеграција на Северна Македонија во овие моменти на воена инвазија врз територијата на Европа е клучна за стабилноста на Балканот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, Кочоска и Мицкоски фингираат податоци за јавниот долг

ДЕСК

Министерот Ферати: Интеркултурализмот и социјалната кохезија се темел на едно рамноправно и инклузивно општество

ДЕСК

ПРИВЕДЕН 35-ГОДИШНИК ВО БИТОЛА – Го нарушил јавниот ред и мир на улицата „11 Октомври“

ДЕСК