Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Мишел: Македонци, имате историска можност!

Драги македонски граѓани, драги Македонци. Имате историска можснот. Никогаш не сте биле волку блиску. Искористете ја оваа шанса. Ја имате нашата почит и лојалност. Првата меѓувладина конференција би можела да се организира во следните неколку денови ако предлогот биде прифатен од наша страна, рече претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, во своето излагање на заедничката прес конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

„Лично јас сум уверен дека ова е урамнотежено решение коешто се упатува на вашите загрижености и целта е јасна, да се започне со пристапните преговори и конечно да се придвижиме кон градење на нашата заедничка иднина во ЕУ. Ако кажете – да, првата меѓувладина конференција ќе се организира во следните неколку денови“, рече Мишел.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК