Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

57 санкционирани возачи на мотоцикли на територија на СВР Битола, три мотоцикли одземени

Во текот на вчерашниот ден (03.07.2022) во периодот од 18.00 до 24.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 57 возачи. Од нив, 30 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК