Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца разбојници во Скопје

Денеска (29.06.2022) во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Карпош и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(18) и малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 04.06.2022 на ул.„Миле Поп Јорданов“ со употреба на електрошок од З.М. од Скопје одзеле чанта со лични документи и платежна картичка, кој ја употребиле на неколку бензински станици.

При претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, бил пронајден електрошокот и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

БЕЗ ВОЗАЧКА, СО 2,75 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ: Маж осомничен за безобѕирно управување, сообраќајка, бегство од полиција, а откако го фатиле ги тепал полицајците

ДЕСК

Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

ДЕСК

Филипче од Конгресот: „Твоја држава – твоја шанса“ е морален завет на СДСМ

ДЕСК