Centar.mk
БИЗНИС

Николовски ги повика оризопроизводители да ја искористат мерката за набавка на специјализирани комбајни за ориз

Во тек е новиот јавен повик преку програмата за рурален развој за 2022 година, мерка 121.5 за поддршка при набавка на специјализирани комбајни за ориз или мобилни сушари за ориз. Можат да аплицираат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во министертвото. Максималната вредност по корисник е 3.500.000 денари за набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз со сецкалици или мобилни сушари за ориз, водени топови и распрскувачи. Јавниот повик ќе трае до 06. јули оваа година. Како критериум за аплицирање на овој јавен повик е барателот да има минумум производствен капацитет од над 1 хектар површина под ориз.

Министерот за земјоделство и шумарство, Љупчо Николовски упати повик до оризопроизводителите максимално да ја искористат оваа мерка која сериозно го помага производствениот процес.

„ Ги повикувам сите заинтересирани оризопроизводители максимално да ја искористат оваа мерка. Нека го слушнат и видат позитивното искуство од своите пријатели кои веќе добиле комбајн и аплицирајте. Оваа мерка дава голема поддршка во оризопроизводството“ изјави министерот Николовски.

Во рамки на теренските активности министерот Љупчо Николовски заедно со директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски и државниот советник Трајан Димковски, го посетија и Институтот за ориз во Кочани.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29 март нова авиолинија од Охрид до Милано

ДЕСК

Туркије и во 2026 останува водечка туристичка дестинација: Година на култура, спорт и врвни настани

ДЕСК

Серијата Galaxy Buds4 ја зголемува јасноста на повиците со HD Voice

ДЕСК