11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Ќе инсистираме нашите позиции да бидат вградени во преговарачката рамка

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во своето гостување на Топ Тема, посочи дека денеска не добиле нов француски предлог или нацрт предлог, туку дека бугарското собрание изгласа декларација во која што дел ги реафирмира дел ги видоизменува или изнесува своите ставови.

-Ние ги изнесовме нашите ставови на самиот Самит во Брисел и на прес-конференцијата, така што доколку врз основа на тие изнесени позиции од наша страна и од бугарска страна, успее француската влада и претседател да предложи некој нов поинаков предлог, ние ќе бидеме подготвени да го разгледаме дали овие наши барања кои што ги изнесовме вчера, позиции, црвени линии се внесени, дали се задоволени за да можеме да разговараме на кој начин и на кој рок тоа да се прифати. Сигурни сме дека ние ќе инсистираме на позициите кои што ги изнесовме да бидат вградени во целиот пакет и во преговарачката рамка и во заклучоците за да може да бидат прифатливи кај нас, рече вицепремиерот Маричиќ во интервјуто.

Спонзорирано: