3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

До крајот на 2022 година: Четири знаци во Зодијакот ќе ги следи голема среќа

Астролошките експерти велат дека четири од хороскопските знаци ќе ги придружува среќа на сите полиња – некои ќе ја најдат љубовта на својот живот, а некои ќе влезат на ново работно место кое ќе биде дополнително платено.

Девица
Вредните, амбициозни и аналитички претставници на овој знак ќе имаат повеќе среќа од претходниот период и тоа, речиси двојно повеќе. Доколку сте родени во овој земјен знак, ве очекуваат нови и интересни проекти на работа, повеќе добри идеји, како и развој на некои планови кои долго стојат во место и правеа да се чувствувате како да сте блокирани.

Но, тоа не значи дека животот ќе ви се сведе само на работа, напротив. Ова е период во кој ќе имате повеќе време да се дружите со пријателите, па и добро да се забавувате. До крајот на 2022 година, може да запознаете многу интересни и стимулативни луѓе и да се роди вистинска, искрена љубов. Романсата што сега ја започнуваат Девиците може да има светла иднина.

Вага
Доколку сте родени во овој воздушен знак, од почетокот на годината сте свесни дека среќата е на ваша страна, што особено ќе се одрази во втората половина од годината на полето на кариерата. Ќе бидете поспремни да преземате иницијативи и да се борите за вашите амбиции и цели.

Паралелно ќе имате успех во неколку работи, па ова е добро време за нова работа, или ново хоби. Доколку, пак, останете на старата работа, ве очекува голем напредок. Ќе се отворат вратите за различни можности, а ако добро ја искористите приликата, ќе напредувате, што финансиски ќе ви се исплати.

Лав
Во бизнисот, настаните ќе се развиваат брзо и интересно, но тоа би можело да ве исплаши. Не плашете се, бидејќи тоа ќе испадне дека е најдоброто нешто што ви се случило во последно време. Успешно ќе балансирате помеѓу срцето и умот, покажувајќи рационалност и мудрост, но еднакво ќе ја покажувате и емотивната страна.

Тоа ќе го правите и во работата и во љубовните и семејните односи. Ќе донесете мудри одлуки кои добро ќе се одразат на вашата иднина. Ова е периодот кога ќе имате поддршка од најблиските за сите ваши идеи.

Скорпија
Скорпиите ќе бидат доста активни во создавањето нови пријателства, но и во остварувањето важни контакти кои можат да бидат пресудни за успех на работа. Вашата способност отворено да прифаќате нови познанства сега ќе биде уште повредна, бидејќи не знаете кој може да се покаже корисен во деловна смисла.

Добри резултати постигнувате во многу области, особено на работа, каде што се очекува да напредувате. На полето на романсата, постои рамнотежа и хармонија. Оние кои се во врска ќе се најдат во малку побурен период, но сѐ ќе има хармоничен исход.

Спонзорирано: