Младиот Умејр Муамеди кој ги руши сите стереотипи кога станува збор за македонско – албанските односи со своите Фејсбук статуси повторно да ја тресе македонската политичка сцена.
Имено откако отоворено побара да се прогласи за персона нон-грата албанскиот претседател, Еди Рама кој го нарече Димитар Ковачевски, премиер на Западна Бугарија сега го нарече партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ „сељаци“.
Причината за ваквата реакција на Муамеди е присуството на пејачката Аделина Тахири во првите редови на протестот на опозицијата напоменувајќи ги конекциите на пејачката со Мериот коалицијата преку Адвокатското друшво Чукиќ и Марков.
-Која беше поентата на ВМРО – ДПМНЕ со Аделина Тахири на чело на протестот:
1.Да ги привлечат Албанците (контраефект би имало)
2.Претставник од Мериот (има логика)
3.Жената на Мицковски да се пофали дека се знае со Аделина (Ако сметат дека е за пофалба да си знаеме со какви сељаци би имале работа)
4.Да ни најават дека со нивното доаѓање на власт и Адвокатското друштво Чукиќ и Марков би се вратиле во Телеком и ЕВН па да штанцат платни налози и да ангажираат приправници за минимална плата и истите да ги отпуштат откако ке се смени власта и така да си заработат милиони евра со што Аделина би била исполнета и ке може да ги купи и најновите колекции од Луј Витон и Гучи.
Вашите одговори Ве молам, пишува тој.