Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спречен обид за криумчарење мигранти, приведени две лица од Велес

На 18.06.2022 во 21.00 часот на автопатот Гевгелија –Скопје, на наплатна станица Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ ги лишиле од слобода Д.С.(20) и М.И.(36), двајцата од Велес. При преглед во товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а сопатник бил М.И., биле пронајдени 26 лица илегални мигранти од Сирија. Тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг “ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Задоцнета и половична мерка на Мицкоски која нема да има ефект, нема намалување на цените на горивата

ДЕСК

Мицкоски: Владата донесе одлука, се намалува данокот на ДДВ на бензините и нафтата од 18 на 10%,за да се спречи енормен скок

ДЕСК

Апсења и претреси во Куманово

ДЕСК