Centar.mk
БИЗНИСвест

Неуромедика доби две награди на Balkan Medical Awards 2022

30 годишното искуство на болницата Неуромедика како висококвалитетна медицинска установа го потврдија и членовите на жирито на “Balkan Medical Awards” кои одлучија оваа година да им доделат две награди “Болница на годината 2022’’ и “Најдобар менаџер за 2022”.

На свечениот настан “Balkan Medical Awards” кој се одржи на 17. јуни во Пловдив, во хотелот “Санкт Петерзбург”, наградите ги прими сопственикот и Генерален менаџер на Неуромедика Д-р Емил Угриновски кој им се заблагодари на организаторите и членовите на жирито за укажаната доверба.

“Особено сум горд и среќен на овие награди за Неуромедика. Наградата за Неуромедика за најдобра болница доаѓа во многу важен период за нас кога одбележуваме јубилеј 30 години постоење. Да се основа и да се развива прв приватен здравствен бренд во Р. Македонија не беше лесно. Да се опстои 30 години на врвот во македонското и регионалното здравство е резултат само на посветено и континуирано инвестирање во нашите капацитети, во напредна медицинска апаратура и секако, можеби и најважно, ангажирање на најдобрите доктори и медицински кадар. Наградата за “Најдобар менаџер” што ја добив би сакал да ја посветам на моите вработени и на моето семејство кои неизмерно ме поддржуваат и ме прават да бидам успешен во она што го работам. Успешен менаџер се станува само ако сте опкружени со вреден и квалитетен тим на луѓе, а ние во Неуромедика го имаме баш тоа.” – истакна Д-р Емил Угриновски.

Добивањето на овие награди за Неуромедика е директен индикатор за нивното високо ниво на квалитет кое е постигнато низ посветеност и грижа за здравјето на пациентите во државата и регионот. 30 години Неуромедика работи на тоа поле, да се пружа современо и пристапно здравство за секого со напредна медицинска апаратура и еминентни лекари кои се експерти во своите области.

Болница Неуромедика е првиот приватен здравствен бренд во Р. Македонија и е позната по современиот пристап и напредната здравствена заштита за пациентите. Во изминативе 30 години значително ги подигнаа критериумите на здравството во државата преку континуирано инвестирање во медицинска апаратура и капацитетите. Нивната болница во центарот на Скопје е изградена по најмодерните светски болнички стандарди, а условите за грижа за пациентите се на највиско ниво.

Можеби ќе ве интересира

На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето

ДЕСК

Планот на Трамп за мир со Иран ги урна цените на нафтата, азиските берзи во пораст

C +

УЈП: Заедно со занаетчиите кон подобра бизнис-клима

ДЕСК