17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пендаровски: Поддршка за евро-атлантските аспирации на Косово

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид оствари билатерална средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи, на којашто се разговараше за развојот на билатералните односи, актуелните предизвици на регионален и мултилатерален план и безбедносната состојба во регионот и пошироко.

На средбата претседателите изразија задоволство од динамиката на односите и соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Косово разгледувајќи ги можностите за унапредување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.

Од своја страна, Пендаровски, во духот на градењето добрососедски односи, го реафирмираше ставот за поддршка на евро-атлантските аспирации на Косово, како и активното пристапување на Косово кон постојните регионални иницијативи и форуми.

Во таа смисла, соговорниците разменија мислења за состојбите во регионот, како и актуелностите во дијалогот на Косово со Србија, ангажманот на меѓународните претставници и притоа се согласија дека во светло на новите геополитички предизвици предизвикани од руската воена агресија врз Украина, мирното решавање на отворените прашања на Западниот Балкан треба да биде апсолутен императив за сите.

Спонзорирано: