22.8 C
Скопје
5. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Се судрија автомобил и мотор во Тетово, тешко повредено едно лице

Тешка сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотор се случила вчера на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, во селото Гајре.

Како што информираа од МВР во несреќата учествувале патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(22) од с.Гајре и мотоцикл „кавасаки“ со германски национални ознаки, управувано од Т.С.(59) од сeлото Челопек, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од страна на полициска екипа.