7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ на Преспа форум за дијалог: ЕУ има потреба од јасен план за Западниот Балкан

„Мислам дека ЕУ има потреба од јасен план за Западниот Балкан, кој не можеме да го видиме во овој момент, а тоа е план за пристапување“, рече на панелот посветен на Западен Балкан и неговото управување во турбулентни времиња, кој се одржа во рамки на Преспа Форум за дијалог.
Вицепремиерот Маричиќ посочи дека мора да се држиме до ветувањето од Солун пред 19 години, кое мора да се одржува во живот, денес многу повеќе отколку во минатото.

– Затоа денес ни е потребно пристапување на земјите од Западниот Балкан во ЕУ ако сакаме целосна и трајна стабилност на сите земји од регионот. Ова сè уште е турбулентен регион и не постои постојана мировна стабилност. Можеби пред една година немаше да можеме да предвидиме што ќе се случи во Украина, исто како што не можеме да предвидиме што ќе се случи на Балканот идната година или таа по неа, но мора да имаме предвид дека Западниот Балкан е регион на раскрсница каде има многу прашања, косовско-белградскиот дијалог, нашиот спор со Бугарија, итн., прашања кои имаат висок потенцијал да го држат овој регион далеку од трајна стабилност, истакна Маричиќ.

На панелот се дискутираше и за потребата за надминување на геостратешка „неодлучност“ на ЕУ, за што вицепремиерот Маричиќ рече дека што и да се случи следната седмица на јунскиот Самит и во следните неколку денови и на следните самити, и со следните претседателства важно е за земјите од Западен Балкан да не биде заборавен од ЕУ и од НАТО, за да не се чувствуваме дека сме заборавени.

– Знаеме дека третите земји дефинитивно ќе навлезат во регионот многу повеќе сега ако оваа ситуација продолжи да трае. Ја знаеме руската политика во Западен Балкан, таа не е многу содржајна, но е многу јасна. Тие сакаат да му докажат на регионот дека ЕУ е неуспех за Западен Балкан и дека ЕУ не функционира за нас. Ние сакаме да ја победиме таа перцепција само со силни политики, само со целосно присуство на НАТО, на ЕУ и со јасен план за пристапувањето на регионот кон ЕУ, рече Маричиќ.

Заедно со Маричиќ панелисти на оваа сесија беа и Габриел Ескобар, специјален претставник на САД за ЗБ, Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Мануел Сарацин, специјален претставник на Германија за Западен Балкан, Јоханес Ајгнер, специјален претставник на Австрија за Западен Балкан, додека преку видео порака се обрати и Клеман Бон, државен секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција.

Овогодинешниот Форум со наслов: „Градење на иднината на Западниот Балкан во современата европска безбедноста архитектура“ се одржува во Охрид, градот под заштита на УНЕСКО, од 16 до 18 јуни 2022 година, каде што ќе се сретнат истакнати домашни и меѓународни личности од областа на меѓународната политика, безбедноста и економијата, како и од академската и бизнис заедницата.

Спонзорирано: