22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: На Мицкоски око не му трепнува за граѓаните, прави голема штета врз државата

Мицкоски е лажен патриот, без основно чувство за државност, чија најголема грижа е одбрана на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Со секоја нова пресуда за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски станува негов уште пожесток бранител. Нему око не му трепнува за граѓаните кои осиромашувале, додека ВМРО-ДПМНЕ ги крадело, затоа сите украдени пари од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат кај граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека наместо да повика на одговорност и да им се извини на граѓаните, Мицкоски се обидува да им го продаде својот лажен партиотизам. Тој прави голема штета за државата, дома глуми патриот а надвор поддржува документи кои ги поткопуваат меѓународните позиции.

Мицкоски им нанесе сериозен удар на државните позиции со прифаќањето на Резолуцијата на ЕПП со бугарски ставови, исто како што пред поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, велеше дека го поткрепа Договорот за добрососедство.

Тоа е лажното лице и неодговорното однесување на Мицкоски, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

Кичевски: Тендери, пари и бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се причина за кавгите во Скопје

M T