7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВО ЕГИПЕТ НА ДРЖАВНА СМЕТКА: ВМРО ДПМНЕ потврди дека нивниот пратеник поради кој е закочен ребалансот на буџетот е во Египет

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на соопштението од СДСМ дека пратеникот на опозициската партија – Бојан Стојаноски е на приватен пат во Египет.

„Лажните обвинувања на СДСМ дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски е на приватен пат во Египет, се апсолутно неточни и паѓаат во вода. Видно од приложениот документ ‘Решение за службено патување’ јасно може да се утврди дека СДСМ безочно лаже. Прво, видно од документот, решението за ова службено патување е договорено на состанокот на Претседателството на Собранието на 23 мај 2022 година, два дена пред пристигнувањето на предлог-буџетот во Собранието. Второ, на ова службено патување како собраниска делегација во Египет, видно од документот и фотографијата, учесници се и пратеници од владејачкото мнозинство“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму апелираа до СДСМ и нивната пиар екипа „во иднина повеќе да се концентрираат на своите редови и да се обидат да ја подобрат својата лоша организираност и проблеми во внатрепартиската комуникација“.

Инаку, од владејачката партија денеска соопштија дека „Комисијата за финансирање и буџет не одржува седница на која треба да се расправа за ребалансот на буџетот за 2022 година. Причина за тоа е отсуството на претседателот на оваа комисија, пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој деновиве е во посета на Египет. Наместо интересите на граѓаните, наместо побрзо усвојување на ребалансот, Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ одбра шетање во Египет“.

Спонзорирано: