3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Германија бара луѓето да ја намалат потрошувачката на енергија: „Сега е важен секој киловат-час“

Германскиот министер за економија ги повика граѓаните да ја намалат потрошувачката на енергија откако руската енергетска компанија „Гаспром“ почна значително да ја намалува количината на гас што ја испорачува за најголемата европска економија.

„Гаспром“ соопшти дека количината на гас што минува низ гасоводот Северен тек 1 ќе се намали на 67 милиони кубни метри дневно од 167 милиони кубни метри претходно оваа недела, како причина наведувајќи ги потребните поправки.

Кратењата претставуваат намалување за приближно 60 отсто на гасот за Германија преку овој гасовод за само два дена. Европските земји се обидуваат да ја намалат зависноста од руските фосилни горива поради војната во Украина, но со ограничен успех.

Министерот за економија, Роберт Хабек, во видео објавено на „Твитер“ рече дека сега е време да се штеди на потрошувачката на енергија.

„Секој киловат-час помага во оваа ситуација“, рече Хабек. Иако испораките за Германија се сигурни со придонеси од други, поскапи извори, треба да бидеме внимателни, рече Хабек.

„Пред сè, не смееме да дозволиме да бидеме поделени, а тоа е намерата на (рускиот претседател Владимир) Путин“, додаде тој.