21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Преспа форум за дијалог годинава со фокус на Западниот Балкан како дел од европската безбедност

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја престави втората едиција на Преспа форум за дијалог (ПФД), која е во организација на Министерството за надворешни работи и под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.

Носечка тема на годинешниот Преспа форум за дијалог, е „Градењето на иднината на Западниот Балкан во современата европска безбедносна архитектура“, што има за цел да ги отслика актуелните надворешно – политички предизвици, но и современите безбедносни закани.

„Западниот Балкан неминовно е дел од оваа нова архитектура на меѓународните односи, особено од аспект на новата безбедноста архитектура на Европа. Тоа во моментов е најважната тема за нас, но и безбедносно прашање кое е високо на агендата и кај нашите партнери во останатиот дел од Европа. А во изградбата на иднината на Западниот Балкан како дел од европската безбедносна архитектура, централно место зазема европската и евроатлантската перспектива на регионот“, истакна Османи.

Воедно, значајни теми за дискусија на годинешниот ПФД ќе бидат и: градењето на отпорна безбедносна средина; зацврстување на стратешките партнерства; економската соработка, зелената агенда, климатските промени и влијанија, улогата на жените и младите во општествените текови… кои ќе бидат адресирани на голем број панели со реномирани учесници.

Министерот Османи нагласи дека значењето на ПФД се потврдува со учеството на претседатели од регионот, меѓу кои Борут Пахор од Словенија, Зоран Милановиќ од Хрватска, Вјоса Османи од Косово, Мило Ѓукановиќ од Црна Гора, но и премиерот на Косово, Албин Курти и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Спонзорирано: