32.8 C
Скопје
25. јуни 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ Centar Македонија Во тренд...

Со можноста за фотоволтаици за секое домаќинство го зголемуваме производството на електрична енергија, рече Коциќ

Прес-конференција на СДСМ, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

Во време на светска енергетска криза Владата предводена од СДСМ создава услови за максимално искористување на сите капацитети за зголемено производство на електрична енергија.

Во таа насока е и измената на Правилникот за обновливи извори на енергија од страна на Министерството за економија.

Со овие измени се овозможува граѓаните и компаниите да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија.

Се зголемува и ограничувањето на инсталирана моќност од досегашните 4 киловати на 6 киловати за домаќинствата, додека кај малите потрошувачи, буџетски корисник и единка корисник максималната инсталирана моќност се зголемува од 20 на 40 киловати.

Владата предводена од СДСМ ќе го поттикне поставувањето на фотонапонски панели преку субвенции за набавка и поставувањето на панелите во висина до 30 отсто но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство.

За оваа мерка од Буџетот се предвидени 60 милиони денари.

Во време на светска енергетска криза отвораме можност секој покрив на семеен дом, компанија или јавен објект да стане електрана и со тоа да се зголеми домашното производство на електрична енергија, а истовремено се намалат сметките за струја.

Покрај оваа мерка, во ребалансот на буџетот се предвидени и дополнителни средства за инвестиции во енергетиката за што апелираме до сите колеги пратеници тој да биде усвоен што побрзо.

Како одговорна партија и парламентарно мнозинство остануваме посветени на мерки и решенија кои имаат за цел надминување на последиците од кризата и заштита на животниот стандард на граѓаните.