12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Скопје, следува кривична пријава

Денеска (15.06.2022) во 11.30 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Скопје. Тој се сомничи дека на 06.06.2022 на ул.„Благоја Стефковски“ одзел патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. Во Полициската станица Гази Баба со него бил извршен службен разговор, при што тој го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Спонзорирано: