3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Претреси во штипско, пронајдени 15.500 стебла марихуана со вкупна вредност од над 5 милиони евра, приведени три лица

Во текот на вчерашниот ден (13.06.2022) на подрачјето на општина Карбинци, штипско, од страна на полициски службеници Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал – Сектор за криминалистички истраги, Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Штип лишени од слобода Н.С.(56), А.Н.(37) и М.С.(36), сите од с.Карбинци, штипско, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од која при берба би се добиле околу 8 тона марихуана, со пазарна вредност од над 5 милиони евра.

Имено, по преземени мерки и активности полициски службеници во атарот на село Карбинци открија површина од околу 1.300 м2 засадена со околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од кои дел во цветови. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, и со претходно обезбедени Наредби за претрес на дом и други простории од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на 5 локации во село Карбинци во врска со производство на наркотична дрога марихуана, при што кај едно лице се пронајдени 690 растенија канабис, кај второто лице 36 растенија, а во нива сопственост на третото лице се пронајдени 15.415 растенија канабис, како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.

По документирање на случаите против трите лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Спонзорирано: