Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со одговорните политики јавниот долг намален за дополнителни 2,2 процентни поени

И во време на светска економска криза, ефикасните и навремени политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат, економијата е стабилна иако е силно погодена од глобалната криза. Во првиот квартал од 2022 јавниот долг е намален за 2,2 процентни поени и изнесува 54,9 отсто од БДП. Во истиот период намален е и државниот долг за 1,9 процентни поени и тој изнесува 46,8 отсто, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека ова е потврда за одговорност во реализацијата на економски политики, односно добро поставената фискална политика од страна на Владата на СДСМ и потврда за успешното управување со јавните финансии во време на светска економска криза.

По усвојување на ребалансот на Буџетот следуваат нови прилагодени мерки за помош на граѓаните и стопанството но и повеќе пари за капитални инвестиции и за производство на храна, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА ПАТОТ КУМАНОВО – СВЕТИ НИКОЛЕ – Камион излетал од коловозот, сообраќајот блокиран

ДЕСК

СЕ САМОЗАДОВОЛУВАЛ ПРЕД ДРУГИ ЛИЦА НА ЈАВНО МЕСТО – Приведен струмичанец, кај него пронајдена и марихуана

ДЕСК

ПО СНЕГОТ ДОАЃА СИЛЕН СТУД – Во Македонија температурите ќе се спуштат до минус 16 степени

ДЕСК