Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНО

Чудна изјава на Данела Арсовска: Наследивме град без проекти, граѓаните да бидат трпеливи

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска секој понеделник преку емисија на порталот „Инфомакс“ одговара на прашања. Синоќа рече дека сите треба да бидат трпеливи за како што вели таа „сега почнува градежната офанзива“.

„Јас верувам дека довербата која сите Скопјани ми ја дадоа на изборите ќе биде оправдана, секако од граѓаните се бара и малку трпение да имаат затоа што почнува градежната офанзива“, рече Данела Арсовска во емисијата „Наше Скопје“ на Инфомакс.

Таа додаде дека наследила град без проекти.

„Имавме град кој што беше без проекти, сега проектите во овие изминати месеци ги изготвивме и почнавме со реализација на програмата, дури и работи кои што не беа во програмата почнуваме да ги правиме. Имаме неколку проекти кои што се големи и значајни за Општина Сарај“, додаде Арсовска.

Рече дека започнува и со решавање на проблеми кои со децении не биле започнати да се решаваат.

Можеби ќе ве интересира

На крајот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта 177 353 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65 192 ученици ја завршиле годината

ДЕСК

За 0.3 % е намален бројот на деца во установите за згрижување и воспитание во 2025 година во однос на 2024 година

ДЕСК

51 тоалет ќе се реконструира во ОУ „Коле Канински“, современи стандарди за хигиената во училиштето

ДЕСК