Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Битиќи: Инспекциите мора да продолжат со активностите на терен, се случи неоправдано и вештачко зголемување на дел од цените

Имаше такви зголемувања на цени со маржи кои што одеа и до 70% од цената што за нас е неприфатливо и тоа е удар врз граѓаните. Се случи неоправдано, вештачко зглолемивање на цените, инспекциите интеревенираа на терен и сега имаме стагнација на таковото зголемување, цените се вратија, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за Утрински брифинг.

Битиќи додава дека инспекциите мора да продолжат со активностите за да се заштитат граѓаните од вештачко зголемување на цените и апелира на моралните вредности на стопанствениците во време на вакна глобална економска и енергетска криза.

-Во воена криза не можеш да се однесуваш како воен профитер затоа што знаеме што се случува со воените профитери. Јас само укажав како што ние сакаме одредени вредносни работи да ги поставиме во нашето општествто. Не влијаам и не интервенирам на слободниот пазар, но апелирам на моралните вредности на стопанствениците кои треба да ја имаат предвид општата ситуација, – вели Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК