Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Собранието распиша избори за градоначалници на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, согласно своите уставни надлежности, денеска (11 јуни), распиша избори за градоначалници на Општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

Согласно Решението што го донесе претседателот на Собранието врз основа на Изборниот законик, изборите за градоначалници ќе се одржат на 20 август 2022 година.

Роковите за извршување на изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавувањето на Решението за распишување на изборите во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Изборите, согласно Решението за нивно распишување, ќе ги спроведат Државната изборна комисија, Општинските изборни комисии и Избирачките одбори.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТОК И САБОТА ПОМИРНИ, НЕДЕЛА СО ПРЕСВРТ: Се враќа нестабилното време

ДЕСК

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК