Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи.

Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции. Во таа насока, ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории (за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги) да се погрижат нивниот изглед да биде во рамките на општоприфатените норми за јавни институции.

За неприфатлива облека при влез во службените простории на Одделот за граѓански работи се смета:

  • премногу кратка облека (многу куси и многу тесни здолништа, како и здолништа кои не се соодветни за институција и куси панталони дизајнирани за плажа или спортски настани);
  • ​облека која прекумерно го открива стомакот, градите или долната облека;
  • ​облека кој вообичаено се користи во домот, на плажа или во ноќни клубови;
  • ​тренерки и облека наменета исклучиво за спортски активности;
  • ​облека со навредлива содржина (текстови, слики или амблеми кои можат да бидат навредливи за околината и
  • ​несоодветни обувки (влечки, папучи, кломпи, налани, апостолки).

Истовремено, напоменуваме дека и сите вработени во Одделот се задолжени доследно да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување наменет за вработените во Министерството.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ЈА НОМИНИРАШЕ КРИСТИ МЕККОРМИК ЗА АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА – Предлогот е испратен до американскиот Сенат

ДЕСК

ДИРЕКТНИ ЗАКАНИ ЗА ФИЗИЧКО НАСИЛСТВО ВРЗ НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА – АВМУ бара институциите да реагираат

ДЕСК

Лефков: Црните сценарија на СДС нема да успеат, банкарскиот сектор е стабилен

ДЕСК