Centar.mk
МОЗАИКТЕМА

Девојката паднала на возачки испит без да го запали автомобилот

Девојката (17) паднала на возачки испит без воопшто да почне да вози во Англија, пишува LADbible.

Откако влегол во автомобилот, испитувачот видел трошки од гума на подот и веднаш ја паднал на испитот бидејќи возилото било „валкано и неподготвено“ за возење.

“Најлошото е што автомобилот воопшто не е нејзин, туку од испитувачите кои оставиле траги од гума затоа што избришале нешто во нивната евиденција пред нејзиниот испит. Не е дека насекаде имало празни канти или ѓубре… Целата ситуацијата е луда.

Се расправаа 10 минути, но тој не мрдна. Таа падна на испит без воопшто да вози. Таа беше тажна и во солзи, а не можеше да ги добие парите што го бараше бидејќи практично не доби можност да го полага испитот“, изјави нејзиниот татко Пол Тарнер, додавајќи дека неговата ќерка била многу вознемирена.

Од Агенцијата за безбедност на управувањето и возилата порачаа дека мора да се почитуваат донесените мерки.

„Издадени се насоки дека автомобилите што се користат при тестовите за возење мора да се исчистат пред тестот за да се намали можноста за инфекција со коронавирус“, заклучија тие.

Можеби ќе ве интересира

ХОРОСКОП ЗА 8 НОЕМВРИ: ПАРИ ЗА ЕДЕН ЗНАК, ЉУБОВНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ДРУГ – Неделата носи одлуки што долго се одложувале

ДЕСК

Островот на змиите во Бразил: 3.000 отровни змии живеат на само 43 хектари, пристапот е строго забранет

ДЕСК

ХОРОСКОП ЗА 7 НОЕМВРИ: ЕДЕН ЗНАК ДОБИВА ПАРИ, ДРУГ ЌЕ СЛУШНЕ ПРИЗНАНИЕ ШТО ГО ЧЕКА СО МЕСЕЦИ – Саботата носи неочекувани пресврти

ДЕСК