Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Братоубиство во селото Гиновце – го убил брата си и го закопал во двор

Брат го убил брата си и го закопал во дворот од семејната куќа во селото Гиновце, општина Ранковце.

Во текот на вчерашниот ден, во 15:15 часот во село Гиновце, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода четириесетгодишниот Ф.А. од селото Гиновце, Општина Ранковце, постапувајќи по пријава добиена во 14:30 часот, според која тој пред неколку недели, по претходна расправија, го усмртил неговиот брат, дваесет годишниот С.Џ. од истото село и го закопал во дворот од семејната куќа.

Полициски службеници од Полициско одделение Ранковце излегле на местото, а Ф.А. бил приведен во полициска станица и при извршен службен разговор го признал делото.

Од страна на Јавен обвинител, полициска екипа, претставници од Институт за судска медицина и од Центарот за социјални работи извршен е увид, телото е пронајдено и по насока на обвинител предадено за обдукција. По целосно расчистување на случајот против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

ДЕСК

Времето ќе изненади – синоптичарите објавија најнова прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК