13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Актуелен висок партиски фунционер на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп обвинет за тежок криминал, велат од СДСМ

ПРЕС на СДСМ Прилеп:

Со секој нов ден, криминогената матрица на ВМРО-ДПМНЕ се’ повеќе излегува на површина.

Изречените затворски казни за поранешниот премиер и претседател на партијата, Никола Груевски, за бројни министри, пратеници, градоначалници и други функционери од ВМРО-ДПМНЕ, само го потврдуваат она коешто СДСМ го тврдеше – дека со државата 11 години владееше злосторничко здружување.

И уште не стивнале реакциите од последната судска пресуда со која на најбогатата партија во Европа и’ е одземена „Белата палата“, јавноста е сведок на нова кривична пријава против актуелен функционер од партијата на Мицкоски.

Поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

Спонзорирано: