Centar.mk
https://www.youtube.com/watch?v=X0An2-ZNWfQ
МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното, следува соодветна пријава

На 13.06.2026 во 20:00 часот на автопат Скопје – Гевгелија, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.Р.(21) од село Батинци, општина Студеничани. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека И.Р. управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 244 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки возилото е одземено. По документирање на случајот против И.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297- а – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Од денес до четврток АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста шап и лигавка

ДЕСК

Крмов: Владата ги жртвува капиталните инвестиции за да ги покрие тековните буџетски обврски – 90% од буџетот одат за плати, пензии и долгови

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа

ДЕСК