Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

СДММ ја поддржува иницијативата на студентите, Белиот дворец да стане студентски дом (ВИДЕО)

Изјава за медиуми, Марко Михаилоски, претедател на СДММ:

Социјалдемократската младина на Македонија ја поддржува иницијативата на студентите и младите, белиот луксузен дворец на ВМРО-ДПМНЕ да стане студентски дом.

Одлична е можноста откако ќе се заплени овој имот и пресудата ќе стане правосилна, да се отвори јавна дебата и овој луксузен дворец да се отстапи на идните академски граѓни, на студентите од внтрешноста.

Откако ќе се отвори и јавна дебата со разговор помеѓу сите студенти и сите млади, СДММ стои зад овој предлог, за дворецот да стане студентски дом.

СДММ смета дека студентите заслужуваат студентски дом во строгиот центар на Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +