Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер

На 09.06.2022 во 21.40 часот на ул.„Цар Самоил“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода З.Р.(51) од Охрид.

При претрес во угостителски објект што тој го користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага, дробилка и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПУКАНО КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ГАЗИ БАБА: Скопјанец приведен по бегство

ДЕСК

ИТНАТА ПОМОШ ПРИЈАВИЛА СЛУЧАЈ ВО СВР СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во хотел

ДЕСК

Врнежи од дожд во Куманово, пороен дожд во Дојранскиот регион

ДЕСК